„Опенхајмер“, во режија на Кристофер Нолан, е најдобар филм за 2024, одлучија филмските критичари на синоќешното доделување во Холивуд. Филмот е заснован на книгата „Американски Прометеј“ од 2005 година и го следи создавањето на атомската бомба низ призмата на водачот на проектот „Менхетн“, физичарот Роберт Опенхајмер.
„Опенхајмер“ доби осум награди, меѓу кои и за најдобар режисер, кинематографија и споредна машка улога (Роберт Дауни Џуниор).
„Барби“ ги освои наградите за најдобра комедија, најдобра песна („Јас сум само Кен“) и за најдобро оригинално сценарио.
Пол Џамати е најдобар актер, а Да’Вајн Џој Рендолф најдобра во споредна улога за „Останатите“, а Ема Стоун е најдобра актерка за „Кутрите“.
„Следоред“ е прогласена за најдобра драмска серија, додека Сара Снук и Киран Калкин ги земаа актерските награди за нивните улоги во оваа ТВ-серија.
(Фото: Гети)