Биографскиот филм за Мајкл Џексон, едноставно насловен „Мајкл“, ќе има светска премиера на 18 април 2025. Во насловната улога ќе биде внукот на кралот на попот, Џафар Џексон, кој, како што тврдат продуцентите, бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет.
Најавено е дека снимањето ќе почне на 22 јануари, а режисер е Антуан Фукуа.
„‘Мајкл‘ ќе донесе возбудлив и искрен приказ на брилијантниот, но комплициран човек кој стана крал на попот. Ќе ги прикаже неговите триумфи и трагедии на епско филмско ниво, што ќе вклучи и некои негови легендарни изведби. Како никогаш досега, публиката ќе добие внатрешен увид во еден од највлијателните уметници на сите времиња“, стои во најавата на филмот, за кој сценариото го напиша Џон Логан, кој зад себе има три номинации за Оскар.
Филмот се прави во соработка со задужбината на Мајкл Џексон, што се верува ќе има влијание врз тоа како тој ќе биде прикажан, односно дали воопшто ќе бидат вклучени обвинувањата за сексуално злоставување деца.
(Фото: Гети)