СО КОНЦЕРТ НА КЛАРИНЕТИСТОТ ЗДРАВКО АНГЕЛОВ, ПОЧНУВА НОВАТА СЕРИЈА НАСТАНИ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (18 јануари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи првиот концерт од вториот дел од концертната сезона насловена „80 години – Љубов!“

На концертот „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс, во аранжман на Лучано Берио.