ЕЛТОН ЏОН СЕ ПРИДРУЖИ НА МАЛАТА ГРУПА УМЕТНИЦИ КОИ ИМААТ ОСВОЕНО ЕМИ, ГРЕМИ, ОСКАР И ТОНИ

Лос Анџелес, (АП)

Елтон Џон ноќеска доби награда Еми, со што се придружи на малата група уметници кои имаат освоено ЕГОТ. Тој стана 19. личност која во кариерата има освоено Еми, Оскар, Греми и Тони, покрај Вајола Дејвис, Џенифер Хадсон, Џон Леџенд, Ендрју Лојд Вебер, Вупи Голдберг, Мел Брукс, Одри Хепберн, Рита Морено…

Џон беше награден за последниот американски концерт од неговата проштална турнеја, што ексклузивно се пренесуваше на стриминг платформата „Дизни+“. Концертот се одржа на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес на 20 ноември 2020.

Славниот англиски пејач не дојде на доделувањето во Лос Анџелес поради повреда на колено, па во негово име наградата ја прими неговиот публицист.

„Неверојатно сум почестен што се придружувам на неверојатно талентираната група освојувачи на ЕГОТ вечерва. Патувањето до овој момент беше исполнето со страст, посветеност и непоколеблива поддршка од моите фанови ширум светот. Оваа вечер е доказ за моќта на уметноста и за радоста што таа ја носи во нашите животи“, кажа Елтон Џон.

Тој освои Греми во 1987, Оскар во 1994 и 2019 и Тони во 2000.

(Фото: Гети)