ХАРД КОР БЕНДОТ „ХАРДФЕЈСД“ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ 20 ГОДИНИ РАБОТА СО КОНЦЕРТ ВО МКЦ ВО МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Хардфејсд“, еден од најпопуларните и најангажирани бендови на македонската хард кор/метал сцена, ќе одбележи 20 години работа со концерт во Младински културен центар на 23 март. Гости на концертот ќе бидат легендарниот бугарски хард кор бенд „Лест хоуп“ и скопската група „Ју“.

Предводен од фронтменот Димитар Савески, охридскиот бенд е основан во 2004 и првиот албум го објави три години подоцна. Последното, четврто студиско издание „Бессона дремка на брегот на младоста“ излезе пред пет години.

Билетите за концертот се по цена од 400 денари.

(Фото: Фејсбук)