ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ ОДЛОЖУВАЊЕ, ПОЧНА ДА СЕ СНИМА НОВАТА СЕЗОНА НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Париз, (Дедлајн)

Во Париз почна снимањето на новата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“. Ѕвездата на серијата Лили Колинс на Инстаграм потврди дека екипата е собрана во Париз за снимањето, кое беше одложено од јули поради штрајкот на сценаристите и актерите во Холивуд.

Истиот ден кога Колинс ја објави веста, актерката Ешли Парк, која глуми во серијата, откри дека е во болница поради критична здравствена состојба после одмор во Тајланд. Извори на „Дедлајн“ велат дека таа заздравува и дека не е загрозено снимањето.

„Емили во Париз“ имаше премиера во октомври 2020 и стана моментален хит.