Утре (7 февруари) од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, која се смета за една од најдраматичните светски опери.
Ќе диригира Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Никола Булески, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстори Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Настапува домашна солистичка екипа. Во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда е Дешира Амети Крлиу, а во останатите улоги се Марјан Јованоски, Драган Ампов и Дејан Стоев.