ВЕЛЕШКАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ГИ НАГРАДИ НАЈРЕДОВНИТЕ ЧИТАТЕЛИ ЗА 2023

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес ги врачи признанијата на најредовните читатели за 2023. Со најмногу прочитани книги се издвои Теодора Андовска, матурантка од средното училиште „Коле Неделковски“.

„Земам од три до шест книги неделно. Најмногу читам слободна литература, драми, фантазија. Го читам Шекспир, класика, но и лектирите. Од мала сакам книги. Се пронаоѓам во нив, вадам инспирација. Почнав и да пишувам поезија. Мојата желба е да се запишам на книжевност“, рече Андовска.

Најредовен читател од детскиот оддел е Мелек Муратова, ученичка во петто одделение, а најмлад читател е Калина Нацкова.

Признанија добија и читателите од подрачната библиотека во Градско, каде што најмногу прочитани книги имаат Аце Велков (возразни) и Леон Гавазов (деца).

Четврта година по ред, највозрасен редовен читател е Марија Питиќова (фото).

„Книгата е мојот најдобар другар. Живеам сама и книгата е секогаш со мене. Ме исполнува, земам по две книги неделно“, кажа Питиќова, која чита драми, трилери, историски дела и книги со политичка содржина.

П. ПЕЧКОВ