Српската актерка Анѓелка Стевиќ-Жугиќ ќе гостува во Скопје со монодрамата „Што повторно ме снајде“, што ќе се изведе на 18 март во Националната опера и балет (НОБ). Претставата е комедија по текст на Небојша Ромчевиќ, а режисер е Петар Јовановиќ.
Преку ликот и судбината на Јованка-Јока Јаковљевиќ, актерката на духовит и по малку ироничен начин раскажува за разводот во доцните 30-ти години и помошта која ја бара од најдобрите пријателки, семејството, психолози и астролози.
Стевиќ-Жугиќ игра неколку ликови, а претставата во Скопје ја носи продукцијата „Јес“.