Поп-ѕвездата Мајли Сајрус привлече големо внимание на 66. доделување на музичките награди Греми, носејќи фустан направен од 14.000 златни безопасни. Фустанот е дело на белгиската модна куќа „Маржиела“, од каде што кажаа дека неговата изработка траела 675 часа.
Сајрус, која освои Греми за снимка на годината за песната „Цвеќиња“, го комплетираше својот изглед со жолти потпетици и ретро фризура во стилот на Фара Фосет и Доли Партон.
„Фустанот, кој потсетува на метална мрежа, долови изглед на ‘нова жена‘ од 1920-тите и египетска божица, а безопасните беа детално наредени за да личат на јака и долна облека“, кажаа од „Маржиела“.