СЛОВЕНЕЧКИОТ ХОР „ПЕРПЕТУМ ЏЕЗИЛЕ“ СО НОВ АЛБУМ И КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Словенечкиот хор „Перпетум џезиле“ ќе одржи концерт во Филхармонијата на 5 април. Хорот кој брои 47 членови и има настапувано низ цела Европа е основан во 2006 година.

Акапела составот е добитник на бројни награди. Во 2006 го издаде албумот „Чудна ноќ“ под етикетата на „Далас рекордс“ и ја доби словенечката музичка награда „Виктор“ за 2011. Нивната изведба на песната „Африка“ од „Тото“ има 23 милиони прегледи на Јутјуб.

Пеат и преработки на хитови од „АББА“, Мајкл Џексон, „Квин“, „Нирвана“, а се нарекуваат вокален оркестар затоа што со гласовите умешно имитираат музички инструменти.

Kонцертот е по повод нивниот нов студиски албум „Мириса како…“ (Smells Like…“) На албумот има вокални преработки на песни од Елвис Присли, „Квин“, Мајкл Џексон.

Продуцент на скопскиот концерт е Томислав Кашљевиќ од Загреб.