ЕДИНСТВЕНАТА УМЕТНИЧКА СЛИКА ОД „БИТЛС“ СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА 1,7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лондон, (Јуроњуз)

Единственото уметничко дело создадено од членовите на „Битлс“ се продаде на аукција за 1,7 милиони долари. Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар заеднички го насликале делото „Слики на жена“ додека беа на турнеја во Јапонија во 1966.

Сликата беше проценета на 600.000 долари.

Тие поминале околу 100 часа во Јапонија за време на оваа турнеја, останувајќи во нивната хотелска соба по налог на локалните власти кои биле загрижени за нивната безбедност поради возбудените обожаватели и извештаите за закани од јапонските националисти.

Сликата била создадена додека бендот престојувал во претседателскиот апартман на хотелот „Хилтон“ во Токио и била завршена во текот на две ноќи. Секој член седел во еден агол, сликајќи нешто различно. Фотографот Роберт Витакер го документирал процесот.

„Никогаш не сум ги видел помирни и позадоволни од тогаш“, изјави Витакер подоцна.