ФЛАМЕНКО КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 15 февруари, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Љубов, страст – фламенко!”, кој традиционално се организира по повод Денот на вљубените. Ќе настапи една од најзначајните шпански фламенко пејачки, Марина Ередија (фото).

Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а на програмата се дела од Лорка, Де Фаља и Гинастера.