Вториот роман на спортскиот новинар Сашо Кузмановски насловен „Бахус“ ќе биде промовиран утре (9 февруари) во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Книгата е издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“.
„Бахус“ е втор, но независен дел од предвидената трилогија на Кузмановски, чиј главен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Книгата доаѓа три години по неговиот дебитантски криминалистички роман „Афера во музејот на пари“.
Кузмановски (1979) дипломирал новинарство на Правниот факултет во Скопје и повеќе од две децении работи како спортски новинар и коментатор. Од 2001 е програмски уредник на Спортското радио „90,3 ФМ“, каде што работи и денес.