Ива Георгиева (15) од Виница и Зорана Блажевска (14) од Скопје освоија две титули на меѓународниот избор за убавина „Мис Тин Планет 2026“, кој се одржа во Бургас, Бугарија.
Ива Георгиева ја освои титулата Мис талент, а Зорана Блажевска беше прогласена за Мис модел. Главната титула на изборот ѝ припадна на претставничката на Грузија.
Двете девојки се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за учество на овој меѓународен избор за убавина и модели.
Организатор на „Мис Тин Планет“ е агенцијата „Интерсаунд“ од Софија, која традиционално го организира натпреварот со учеснички од различни земји.