Англискиот град Шефилд своевремено бил познат по челичарниците, но денес место индустрија, негува зеленило. Шефилд има пола милион жители и девет пати повеќе дрвја. Центарот на градот е сместен среде долина, која е окружена со седум ридови.
Шефилд се наоѓа на устието на пет извори на вода: реката Дон и нејзините четири притоки, што играло важна улога во неговата еволуција. За време на индустриската револуција, производството во градот толку пораснало што Шефилд го добил прекарот Челичен град.
Шефилд денес е британски шампион во урбано зеленило. Дури 60 проценти од градското подрачје се покриени со паркови, шуми и градини, вклучувајќи една третина од националниот парк Пик Дистрикт.
Откако пред десетина години жителите се побуниле за сечата на бројни здрави стебла, се роди зелената иницијатива „Sheffield Street Trees Partnership“, чија цел беше уште поголемо зазеленување на градот.
Низ градот денес има околу 4,5 милиони стебла, најмногу по глава на жител во цела Европа.
(Фото: Шатерсток)