Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје в сабота (17 февруари) ќе биде домаќин на фестивалот на современа македонска поп музика „Поп култура“.
Со почеток во 20:30 часот, на фестивалот ќе настапат Јанг Деди, „Зи“, Матеј Фолц и Вански, диџеј сет ќе има Димчуга, а специјална гостинка ќе биде српската раперка Млада Беба. Фестивалот, кој се фокусира на хип-хоп движењето како најраспространета и најпопуларна форма на израз на денешната младина, е дел од платформата „Силата ЕУ младите“
„Поп култура“ ќе добие и винилно издание, кое ќе биде компилација на современата поп продукција на млади македонски музичари.
Билетите за фестивалот се по цена од 200 и 300 денари.