НОВАТА ПЕСНА „ДРУГО“ ЈА СНИМИВ ОТКАКО МИ СЕ СМЕНИ ЖИВОТОТ, ВЕЛИ ПЕЈАЧКАТА ИВОНА ЈО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Ивона Јо ја промовираше својата нова песна „Друго“. Пејачката вели дека на оваа песна работела шест месеци. Композитор и аранжер е Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова, а спотот го режираше Мартин Трајановски.

„Во песната им порачувам на сите да се чувствуваат добро во своја кожа, да се прифатиме себеси, да се сакаме, за да можете да ги сакате и оние околу вас, но и да им бидете поддршка“, изјави Ивона Јо за новата песна.

„Откако ја слушнав песната, веднаш ми влезе под кожа. Се појави во вистинско време, кога на почетокот од оваа година го допрев дното, период за кој сѐ уште не сум подготвена да зборувам, но после тој ден свртев нова страница и почнав нов живот“, кажа пејачката.