СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА МЕ ДОЖИВЕЕ КАКО ШТО ЗНАЕ, ВЕЛИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, КОЈ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ВТОРАТА КНИГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бизнисменот Трифун Костовски сношти (15 февруари) во Музејот на македонската борба ја промовираше својата втора книга „Мојот непокор“. Книгата содржи колумни што ги напиша во врска со стечајот на „Еуростандард банка“.

„Дарувањето го сметам за најголема човечка доблест, а правдата ја толкувам како нешто свето за функционален систем. Право на секој поединец е да ме доживува на начин што е во согласност со неговите предиспозиции и знаење“, кажа Костовски.

Промотор беше писателот Венко Андоновски, а модератор професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ.

Првата книга на Костовски „Моите другари – дел од мојот живот“ е со приватни приказни за неговите пријатели и излезе минатата година. И двете книги се во издание на „Култура“.