АМЕРИКАНСКИ УМЕТНИК ВО ЛОНДОН ГИ ИЗЛОЖУВА СВОИТЕ СКУЛПТУРИ НАПРАВЕНИ ОД МИЛИОН ЛЕГО КОЦКИ

Лондон, (Јуроњуз)

Во Лондон се отвори изложбата „Уметноста на коцките“, која ги внесува посетителите во неверојатниот и шарен свет на американскиот уметник Нејтан Саваја, кој своите дела ги прави од лего коцки.

Тој почнал да се занимава со ова пред две децении, додека работел како корпоративен адвокат во Њујорк. Неговите шарени лего скулптури денес се светска сензација, а изложбата „Уметноста на коцките“ досега посети 24 држави на шест континенти.

Од реплики на ремек-делата „Мона Лиза“ на Леонардо и „Давид“ на Микеланџело до оригинални творби, изложбата се состои од повеќе од 100 уметнички дела, направени од околу еден милион лего коцки.

„Сè што се гледа на изложбата го направив со мои раце. Бавен процес е да се создадат овие скулптури. Кога работам на некое дело, всушност ги лепам коцките. Потребни се време и трпение. Ако направам грешка, морам со чекан и длето да ја разделам скулптурата и потоа да го обновам делот за да изгледа како што треба“, вели Саваја.

Нејтан Саваја почнал да се занимава со оваа уметност пред две децении додека работел како адвокат