Популарниот диџеј Дејвид Гета и неговата девојка Џесика Ледон го добија првото заедничко дете. Педесет и шестгодишниот Гета се пофали на Инстаграм со раѓањето на синот Сијан, кој е неговото трето дете.
Гета има две деца од првиот брак, кои сега имаат 16 и 19 години.
Тој и 24 години помладата Ледон првпат навестија дека чекаат дете на доделувањето на Латино Греми наградите во ноември. Тие ја почнале врската во 2015, истата година кога Гета го финализираше својот развод.