НОВА ПЕСНА НА БОБИ АНДОНОВ, ПРЕТСТАВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА ВО 2008

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пејачот Боби Андонов, кој ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во 2008, го сними новиот сингл „Меѓу линиите“ (Between the Lines), прва песна од неговиот нов албум, кој треба да излезе на 9 мај.

Андонов е пејач, текстописец и продуцент. Роден е во Мелбурн, Австралија, по потекло е од Струмица, а денес живее и работи во Лос Анџелес.

Андонов јна Детската Евровизија во Кипар

Во 2008, Андонов ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во Кипар со песната „Прати ми СМС“, во продукција на „Јованов рекордс“. Во 2010 учествуваше во шоуто „Австралија има талент“, каде што се пласираше во финалето, а со изведба на песна од Кристина Агилера го освои петтото место.

Во ноември 2015, Андонов потпишал договор со „Холивуд рекордс“ и се пресели во Лос Анџелес.