Со уникатната модна ревија и презентација „Дијалози“, која ја организираше Амбасадата на Шпанија, почна 28. Моден викенд Скопје, кој се одржува до утре (30 март) во деловниот дел од трговскиот центар „Ист гејт“.
Ревијата беше спој на мода и занаетчиство, инспирирана од керамиката Талавера де ла Реина и жителите на овој град во Шпанија.
На неа соработуваа македонските модни дизајнери Роберт Ивановски и Магдалена Таневска и грнчарите Анета Попова, Слободан Столески, Христина Крстеска и Татјана и Борче Богоевски, кои прикажаа интересни предмети од керамика.
Првата вечер на Моден викенд Скопје продолжи со изложба на Друштвoто на ликовни уметници.
Се одржаа уште две ревии за кои имаше доста интерес кај публиката: на Радмила Георгиева и „Криус“ и на Магдалена Таневска, „Инт груп“ и „Naash.X“.
М. ЏАРОВСКА