ЦЕЛОСНОТО ПОМРАЧУВАЊЕ НА СОНЦЕТО ПОМИНА НИЗ МЕКСИКО, САД И КАНАДА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

САД, (АП)

Милиони луѓе во Мексико и Северна Америка сведочеа како Месечината го блокира Сонцето, создавајќи целосно помрачување. Патеката на небесниот спектакл се протегна 6.400 километри, од Масатлан во Мексико, преку 15 американски сојузни држави, до Њуфаундленд во Канада, покривајќи област во која живеат 44 милиони луѓе.

Вашингтон (Фото: АП)

Најдолго траеше над делови на Тексас – четири минути и 27 секунди.

Целосните помрачувања на Сонцето се случуваат некаде низ светот на секои 11 до 18 месеци, но ретко се совпаѓаат со густо населени предели. Во Америка нема повторно да се случи до 2045 година.

Нијагарски Водопади (Фото: АП)

Следното целосно затемнување ќе пристигне во 2026 и ќе може да се набљудува по северните рабови на Гренланд, Исланд и Шпанија.

Помрачувањето најдолго траеше над делови на Тексас (Фото: АП)
Затемнувањето прво дојде над Масатлан во Мексико (Фото: АП)
Торонто (Фото: АП)
Онтарио, Канада (Фото: АП)