„Хрватски гитарски квартет“ ќе одржи концерт во Скопје на 28 мај, во Филхармонијата од 20:30 часот.
Членови на квартетот се Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Шариќ и сите се ученици од класата на Дарко Петрињак. Првиот концерт го одржаа во 2016, а под името „Хрватски гитарски квартет“ почнаа да настапуваат во 2020.
Ја добија наградата „Орландо“ за нивниот концерт на Летните игри во Дубровник во 2017. Во 2020, квартетот во соработка со уште четворица гитаристи го издаде албумот „Гитарисимо“.