ВЕЛИГДЕНСКИ МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ СО ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ И МЛАДИ ПЕЈАЧИ УТРЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Утре (6 мај) од 18 часот, на платото во паркот во скопската општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Велигденски хепенинг“. Концерт ќе одржи Драган Мијалковски со избор од своите евергрини.

Помладата публика ќе ја забавуваат „ДНК“, Таско, Пајак и поп-пејачката Малена, а по нив ќе настапи „Либеро бенд”. Настанот ќе трае неколку часа.