Четвртата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“, ќе биде поделена во два дела. Премиерата на првиот дел е на 15 август, а на вториот на 12 септември.
Овој период екипата е преселена во Рим, каде што се снимаат некои сцени. Претходните три сезони се снимаа во Париз и низ Франција. Четвртата сезона почна да се снима во јануари годинава.
„Емили во Париз“ имаше премиера во октомври 2020. Главната улога ја игра Лили Колинс, Американка која се сели да работи во Париз и станува инфлуенсерка. Комичната драма се покажа голем хит за „Нетфликс“, и покрај негативните реакции од критиката и од Французите.
Лили Колинс е ќерка на легендарниот британски музичар Фил Колинс.
(Фото: Гети)