ДИНО ИМЕРИ УТРЕ ЌЕ ГО СВИРИ ШОПЕН ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пијанистот Дино Имери утре (11 мај) од 12 часот ќе одржи концерт во Градски парк во Скопје на „Школка“, при што ќе свири дела од полскиот композитор Фредерик Шопен. Настанот е организиран од Амбасадата на Полска по повод Денот на уставот. Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од Шопен.

„Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање концерти на отворено како во Полска, близу Варшава, кај споменикот на Шопен и неговото родно место, на кои свират познати светски пијанисти“, велат организаторите.