На 22 мај од 20 часот, пред платото на УКИМ ќе настапат македонски музичари и диџеи по повод Денот на Европа, во организација на Европска куќа.
Меѓу изведувачите се „Фанк шуи“ (фото), Пијан Славеј, Дина Јашари, диџеј Гоце, ЛД Пистолеро и „Сетстет“ со Марија Каева. По нив, диџеј сет со ретко музика ќе има Драган Б. Костиќ. Покрај музичката програма ќе има и саем на книга и продавница за плочи и ќе се служи храна.