Британскиот комичар Џими Кар ќе гостува со своето стендап шоу во Скопје на 29 ноември, објави „Авалон“. Настапот во Филхармонијата е дел од неговиот нов серијал „Laughs Funny“, кој следува по успешната турнеја „Terribly Funny“.
Педесет и едногодишниот Кар ја почнал комичарската кариера во 1997 и во изминатите две децении е водител на популарни забавни емисии на британската телевизија „Ченл 4“. Паралелно настапува како стендап комичар и е првиот британски комичар кој потпишал договор со „Нетфликс“, за кој има снимено четири специјали.
Билетите за Џими Кар се продаваат по цена од 1.500 и 2.000 денари.
(Фото: Нетфликс)