ФЛЕЈТИСКАТА КАЕВСКА И ПИЈАНИСТКАТА БАЗГАЛОСКА СО КОНЦЕРТ НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Вечерва (22 јуни) на Скопско лето, во 20:30 часот, во Музејот на македонската борба, концерт ќе одржат Јана Каевска (флејта) и Ивона Базгалоска (пијано), а гостин е Ана Трсунова (флејта).

На програмата се дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и Т. Прокопиев.

Влезот е слободен.

Каевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата по флејта на проф. м-р Страшо Темков. Како ученик, а потоа и студент редовно настапува на училишните концерти и циклусот концерти Мусица вива на ФМУ. Член е на квартетот Аулос од 2018 година со кој има оставарено бројни настапи.

Базгалоска е една од најактивните и најнаградуваните млади македонски пијанисти. Првата фаза од нејзиното музичко образованието го започнала во ОМУ „Методи Патче“ во родниот Охрид во класата на професорот Даниел Чуркоски, каде што завршила како првенец на генерација. Од 2010 година до денес таа е добитник на бројни специјални и први награди на државни натпревари. Редовно учествува на ревијални концерти и одржува самостојни концерти.

Трсунова е млада флејтистка од прва година во класата на проф. м-р Страшо Темков во Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ана своето музичко образование го започнува на осум годишна возраст во Државното музичко училиште во Битола, учејќи флејта кај проф. Александар Стефановски. Во своето средно образование има прилики да свири во склоп на Битолскиот дувачки оркестар, како и во Битолскиот камерен оркестар на фестивалот за кларинет и саксофон „СаксКлар“.