„Скопје- Барселона“ е новата, дуетска песна на групата „Нокаут“ и Дарко Гелев- Брејк. Музиката ја напиша фронтменот на бендот, Никола Перевски- Пере, аранжманот е на Дарко Димитров, а Игор Џамбазов го напиша текстот. Гостин на труба е Трајко Велков.
Дуетот на „Нокаут“ и Брејк доаѓа пред концертот во Антички театар во Охрид на 27 јули од 20 часот. Претходно, бендот настапи и на Хераклеја во Битола на 5 јули. Дарко Гелев-Брејк ќе биде гостин на охридскиот концерт. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата.
Лани, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“. Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на mktickets, а го организира продукцијата „Сцена“.