„БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ЌЕ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС ОД 19 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветaновски, „Бизнисот на задоволството“, ќе има домашна кинопремиера на 19 септември, од кога ќе биде на репертоарот во Синеплекс.

Филмот имаше македонска премиера на затворањето на минатогодишното издание на Синедејс во Скопје и во меѓувреме беше прикажан на повеќе од 20 фестивали низ светот и освои десет награди, последната во Уругвај.

Во овој политички трилер улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.