Од денеска (28 мај), во киното Синеплекс ќе се прикажува новиот филм на Педро Алмодовар, „Горчлив Божиќ“. Од следната недела ќе игра и во Центарот за култура во Битола и во Фино-кино во „Лабораториум“, вели дистрибутерот „МЦФ МКД“.
Шест години по „Болка и слава“, Алмодовар се врати на Канскиот филмски фестивал, кој заврши на 23 мај.
Снимен во Мадрид и во живописниот Ланзароте, „Горчлив Божиќ“ ги спојува Барбара Лени и Леонардо Сбарала во главните улоги, како и Аитана Санчез-Хихон, Милена Смит, Ким Гутиерез и една од главните музи на Алмодовар, Роза де Палма, во споредни улоги.