Оскаровецот Роберт Дауни Џуниор се враќа во филмскиот серијал „Одмаздници“, но овојпат како негативецот Виктор вон Дум, попознат како Доктор Дум. Педесет и деветгодишниот Дауни, кој се прослави како Ајрон Мен, ги изненади фановите на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, при што објави дека отсега ќе игра нов лик и ќе носи друга маска.
Дауни дебитираше како Ајрон Мен во 2008 и потоа ја повтори оваа улога во уште осум филма на „Марвел“.
Режисерите на претходните два филма „Одмаздници“, Џо и Ентони Русо, потврдија дека ќе го режират и следниот филм со Дауни, „Одмаздници: Судниот ден“ (Avengers: Doomsday), што треба да излезе во мај 2026.
(Фото: Гети)