ВО МАРОКО ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ФУДБАЛСКИ СТАДИОН НА СВЕТОТ СО 115.000 СЕДИШТА

Мароко, (Дезин)

Архитектите ги објавија првите снимки од стадионот „Хасан Втори“, кој со своите 115.000 седишта ќе биде најголем фудбалски стадион на светот. Ќе се гради за потребите на Светското фудбалско првенство во 2030 година, чиј домаќин ќе биде и Мароко.

Именуван според поранешниот крал на Мароко, стадионот ќе се гради во Бенслимане, околу 40 километри од Казабланка.

ФИФА ќе ја одбележи стогодишнината од првото светско првенство со мундијал што ќе се игра на три континенти, па покрај Мароко, домаќини ќе бидат и Шпанија, Португалија, Уругвај, Парагвај и Аргентина.

Најголемиот фудбалски стадион на светот моментално е „1 Мај“ во Северна Кореја, кој има капацитет од 114.000 места. Најголемиот стадион воопшто е „Нарендра Мори“ во Индија со 132.000 седишта, но на него се игра крикет.