Легендарниот американски рок бенд „Аеросмит“ објави дека ги откажал сите преостанати датуми на концерти и официјално се повлекуваат од турнејата, бидејќи „не е можно закрепнувањето на пејачот Стивен Тајлер поради повредата на гласните жици“.
„Ни беше чест што нашата музика стана дел од вашите животи“, стои во објавата на групата на социјалните мрежи која наликува како проштална изјава.
Групата веќе беше на она што беше најавено како нивна проштална турнеја. Во септември лани, бендот објави дека Стивен Тајлер има оштетување на гласните жици. Во април годинава кажаа дека турнејата ќе започне во Питсбург на 20 септември и ќе трае до 26 февруари следната година, кога ќе го имаат својот последен настап во Бафало, Њујорк.
Но, сега ги откажуваат и презакажаните термини.
„Отсекогаш сакавме да ‘откачите’ кога настапуваме. Како што знаете, гласот на Стивен е инструмент како ниеден друг. Тој помина неколку месеци неуморно работејќи на тоа да го доведе гласот до каде што беше пред неговата повреда. Го гледаме како се мачи и покрај тоа што го има најдобриот медицински тим покрај себе. За жал, јасно е дека целосно закрепнување од неговата вокална повреда не е можно. Донесовме потресна и тешка, но неопходна одлука, како браќа, да се повлечеме од турнеи“, стои во објавата.
Иако во изјавата не се спомнува дали сѐ уште постои надеж Тајлер да ги надмине своите проблеми до степеншто ќе овозможи идни снимања, бендот веќе долго време е повлечен од снимањето нови песни. Ниниот последен албум излезе во 2012. Тајлер потоа издаде соло албум во 2016.
Фото: АП