ФЕСТИВАЛОТ СТРУМИЦА ОПЕН САМО СО МАКЕДОНСКИ МУЗИЧАРИ ОД 13 ДО 20 АВГУСТ

Струмица, (СМАРТ СДК.МК)

Од 13 до 20 август, во Струмица ќе се одржува традиционалната забавна манифестација Струмица опен, овојпат само со македонски музичари. Ќе се одржува на три локации: малиот градски парк, големот градски парк и старата чаршија.

Денеска во малиот градски парк од 20:30 часот ќе има концертна промоција на новиот албум на Иван Кукиќ, „Сандеј вајбс“. На 15 август од 20:30 часот концерт со бенд ќе одржат Ана Петановска и Филип Јордановски во Градскиот парк, а во 22 часот на истото место следи настап на дуото „ДНК“. На 16 август во Градскиот парк од 20:30 часот ќе се одржи завршниот рок концерт на летната школа за гитара, а потоа настапуваат Пајак и Лара Иванова.

На 17 август во Градскиот парк од 20:30 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе ги свири најголемите светски рок хитови, а како солисти ќе пеат Ружица од групата „Ареа“ (фото), Дани Димитровска, Наде Талевска, Ана Петановска и Сашо Паркет. Од 22 часот ќе настапи пејачката Теодора со нејзиниот бенд.

Ансамблот „Билјана“ од Охрид ќе одржи концерт со староградска музика на 18 август од 20:30 во старата чаршија. На 20 август во малиот градски парк ќе се слушаат струмички евергрини. Младиот музички состав „Ретромладина“ ќе свири од 20, а „Ретроманија“ од 21 часот.

Фото: К. ПОПОВ