ДЕЈВИД БИРН СЕ ИЗВИНИ ШТО НЕ СОРАБОТУВАЛ СО ЖЕНИ НА НОВИОТ АЛБУМ

Лондон, (Гардијан)

Дејвид Бирн се извини што не вклучил жени во снимањето на својот најнов албум „Американска утопија“, опишувајќи го својот потег како глупав.

Ова уследи откако беше жестоко критикуван за еден свој блог, во којшто го пофали придонесот на 25-темина машки музичари на албумот, што треба да излезе на 9 март.

„Родова различност е нешто што мене многу ми значи. Овој недостиг е широко раширен и проблематичен во нашата индустрија. Жалам што не ангажирав и што не соработував со жени на мојот нов албум. Тоа беше глупаво од мене и не е она кој сум јас, ниту како сум работел во минатото“, кажа поранешниот фронтмен на „Токинг хедс“.

„Американска утопија“ е првиот целосно соло албум на Бирн во последните 14 години, откако претходните три ги издаде во соработка со Брајан Ино, Норман Кук, односно со Сент Винсент.