Хрватот Мате Римац, конечно, му го покажа на светот својот најнов хиперавтомобил, кој, според особините, треба да биде најимпресивен и најбрз електричен автомобил на светот.

„Концепт 2“ се најавуваше како една од најголемите ѕвезди на престижниот Автосаем во Женева и Римац, по неколку месеци успешно криење на податоците, покажа дека големите очекувања биле оправдани.

„Што е променето во однос на ‘концепт 1‘? Сѐ, ова е целосно нов автомобил“, кажа Римац на претставувањето.

Се најавува дека неговата цена ќе биде 1,7 милиони евра

„Концепт 2“ ќе има неверојатни 1.914 коњски сили и до 100 километри на час ќе забрзува за само 1,85 секунди. За 300 км/час ќе му требаат 11,8 секунди, додека капацитетот на батеријата ќе биде 120 киловат часови.

Целиот автомобил и сите негови делови се осмислени и произведени во Хрватска.

Неговата цена ќе биде 1,7 милиони евра и ќе биде произведен во 150 примероци, сите во Хрватска.