ШЕШИРОТ НА ФОРД ОД ВТОРИОТ „ИНДИЈАНА ЏОНС“ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 630 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (АП)

Кафеавиот шешир кој Харисон Форд го носеше во вториот дел од франшизата „Индијана Џонс“ се продаде на аукција за 630 илјади долари, соопшти Компанијата „Пропстор“.

Шеширот, кој Форд го носи во филмот од 1984 „Индијана Џонс и Храмот на проклетството“ првично беше проценет дека ќе се продде меѓу 250 илјади до 500 илјади долари.

Шеширот беше дел од личната колекција на каскадерот Дин Ферандини, кој исто така ја носеше додека го глумел Џонс.

„Овој шешир е направен специјално за вториот дел од серијалот ‘Индијана Џонс’ и се совпаѓа со филмски кадри, продукциски кадри и снимки од зад сцената во селото сместено на локација во Шри Ланка“, се вели во описот на предметот на неговата официјална аукциска листа.