Зои Кравиц, ќерката на рок-ѕвездата Лени Кравиц вели дека нејзиното режисерско деби „Трепни двапати“ (Blink Twice), кое го напиша и продуцираше, е приказна за динамиката на моќта меѓу мажите и жените, а го работела според нејзините сопствени искуства.
Во психолошкиот трилер, келнерката Фрида, која ја игра Наоми Аки, и нејзината пријателка мислат дека имаат среќа кога милијардерот Слејтер Кинг (Ченинг Тејтум) ги поканува на неговиот приватен тропски остров.
Следува луксузен одмор со бескрајни забави со пријателите на Слејтер, но наскоро Фрида почнува да забележува дека нешто не е во ред и одморот се претвора во битка за опстанок.
„Тоа буквално произлезе од моето искуство. Тоа е многу лично“, рече Кравиц (35) на премиерата на филмот во Лондон. На премиерата беше и татко ѝ, кој на социјалните мрежи напиша дека е горд на ќерка си.
Кравиц и Тејтум, кои се верија минатата година ги спои филмот. Тејтум не го запознала Кравиц кога му ја понудила улогата на Слејтер.
„Овој филм го промени мојот живот“, рече актерот, кој го продуцираше филмот, додавајќи дека улогата не наликува на ништо со кое се занимавал во неговата речиси дведецениска кариера.
Во актерската екипа на филмот кој игра и во скопските кина „Синеплекс“ и „Киноверзум“ се и актерите Адриа Арјона, Кристијан Слејтер, Џина Дејвис, Кајл Меклахлан и Хејли Џоел Осмент.
Џои Кравиц со татко ѝ, Лени Кравиц на премиерата во Лондон (Фото: Гети)