НИНА БАДРИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 27 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата на 27 октомври од 20 часот, објави таа на своите профили на социјалните мрежи.

На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Има соработувано со браќата Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“, каде ја испеа преработката на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“.

„Мислам дека успеав затоа што не размислував за тоа. Бев само луда по музиката. Се сеќавам на два клучни момента кога сè се преврте наопаку. Едниот беше првата насловна страница во средината на 1990-тите, а вториот беше објавувањето на песната ‘Нема да молам за љубов’ во 1996. Потоа се случи мојот успех во Италија, Франција и Шпанија“, изјави Бадриќ во интервју за „Глориа“.