СЛАТКАРИСТИКА НА ТУРНЕЈА ВО АВСТРАЛИЈА ВО НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Слаткаристика ќе одржи есенска турнеја во Австралија заедно со групата „Либеро“. Првиот концерт е во Волонгонг на 15 ноември. Следниот ден хип хоп музичарот ќе настапи во Мелбурн, а турнејата продолжува со уште два концерта, на 22 ноември во Сиднеј и на 23 ноември во Перт.

Минатиот месец, по повеќе од 14 години, Марко Маринковиќ-Слаткаристика и Тони Зен снимија дует. Песната „Милион лета“ беше промовирана на 29 август, а спотот го снимија во Охрид. Тоа е десетта заедничка песна на хип хоп музичарите, кои се и приватно добри пријатели, а на домашната музичка сцена се појавија речиси во исто време.