МЛАДИТЕ ДО 22 ГОДИНИ ПОВЕЌЕ САКААТ СЕРИОЗНА ВРСКА И ИМААТ ПОМАЛКУ СЕКС, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

САД, (Сан)

Младите од генерацијата Зед повеќе сакаат долги врски отколку куси аванури, покажа ново истражување.

Истражувачите велат дека тинејџерите и 20-годишниците имаат изненадувачка опсесија со традиционалната романса. Околу 81% сакаат стабилна врска, а 44% рекле дека често размислуваат за тоа. Кај постарите генерации, околу 75% сакаат врска со една личност, а 25% мислат дека тоа е нормално.

„За новите генерации е документирано дека генерално имаат трипати помалку секс, помалку партнери и помалку врски од претходните генерации. Како што запознавањето се пресели во дигиталниот свет, тоа стана покомплексно“, рече авторот на студијата, д-р Џастин Лемилер од Универзитетот во Индијана.

Извештајот направен од Институтот Кинси на Универзитетот во Индијана вели дека младите сѐ повеќе поддржуваат тренд на социјалните мрежи наречен „традиционална сопруга“, при што милиони луѓе следат инфлуенсери кои живеат во „старомодни“ улоги на маж и жена. Извештајот исто така покажа дека оние од генерацијата Зед имаат помала веројатност да се идентификуваат како хетеросексуалци. Повеќе се заинтересирани за секс, но поретко водат љубов.
„Тоа сугерира на генерација која истовремено ја предизвикува и ја прифаќа традицијата“, кажа Лемилер.

Оние на возраст од 28 до 60 години најчесто сакаат повеќе партнери одеднаш и имаат почесто секс од помладите, додека постарите од 60 години имале најголем интерес за „пријатели со придобивки“.

(Фото: Гети)