На 16 септември во 20 часот, во Младински културен центар во Скопје ќе се отвори групната изложба „Млада уметност“, која ќе трае до 30 септември. Таа ќе обедини млади уметници на возраст до 35 години, од кои некои веќе имаат одржано самостојни изложби. Дел од нив се членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а дел се сѐ уште студенти.
На изложбата ќе учествуваат Стефан Анчевски, Јоана Арсовска, Тамара Блажевска, Елена Гелева, Ивана Ивановска, Зафир Јованов, Методија Јованов, Павел Јовановски, Дурмиш Ќазаим, Ваџит Ќерими, Саре Ќерими, Давор Ќешкец, Ана Костовиќ, Петар Миљковиќ, Ивана Мојсовска, Сандра Нау, Доротеј Нешовски, Симона Новаковиќ, Ивона Петрова, Мартина Спасовска, Олимпија Камчева, Ана Тодоровска, Никола Тренов, Риџет Ферати и Димитар Чакар.