ДЕНЕШНИТЕ РОДИТЕЛИ СЕ ПРЕМНОГУ МЕКИ СО СВОИТЕ ДЕЦА, ВЕЛИ АКТЕРОТ РАЈАН РЕЈНОЛДС

Лос Анџелес, (Индипендент)

Актерот Рајан Рејнолдс вели дека денешните родители се „премногу меки“ со своите деца, во споредба со периодот на неговото детство. Четириесет и седумгодишната ѕвезда на „Дедпул“ има четири деца со актерката Блејк Лајвли, со која се венча во септември 2012.

Рејнолдс вели дека родителството му го променило начинот на кој ги совладува своите емоции.

„Одев на работилница за решавање конфликти и тоа ми го промени целиот живот. Едноставно, не знаев како да ги обработам работите што ги чувствував. Не знаев како да ја расплетам онаа работа во мозокот што ве условува секогаш да победувате или да бидете во право“, изјави глумецот на технолошка конференција во Бостон.

Тој кажа дека неговото детство било „импровизирана полиција“ во споредба со тоа како денес растат децата.

„Денешните родители се толку многу различни. Ние сме премногу меки. Јас не им се дерам на децата. Сега можам да ги погледнам сите мои ресурси за родителство и да се потсетам како да бидам совршено сочувствителен“, додаде тој.

(Фото: Гети)