Вечерва (27 септември) пред Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи настанот „Звукот на Скопје 2024“.
Од 21 часот, концерт ќе одржат „Кулпарк“, Зарина Првасевда (фото) и „Калевала“.
Во „Салон 19:19“ од 20 часот ќе има проекција на филмот „Non-Aligned: Scenes from the Labudovic Reels“. Во салите „Империјал I“ и „Империјал II“ и во продажниот салон на КИЦ од 20 часот ќе можат да се разгледаат три изложби: „Портрети од темната комора“ – изложба на фотографии од Зденко Петровски, „Во разговор“ – изложба на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик од Чешка и „Урбан пејзаж“ – изложба на фотографии од Рафаел Ристовски.