ИЗЛОЖБА НА ТАЊА ТАНЕВСКА ВО МАЛА СТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уметницата Тања Таневска денеска (2 октомври) во 20 часот ќе има изложба насловена  „Време и простор 2001-2023” во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија.

„Веќе со насловот на проектот, Тања Таневска ни посочува еден подолг период (2001-2023) од нејзиното домување, живот, радости и тага во коj ги создавала и чувала визуелните записи, за потоа да ги интерпретира и синтетизира во една целина што ја обопштува идејата за дом и припадност. Опфатениот период не е ретроспекција на нејзиното досегашно творештво, туку ги покажува смелоста во сумирањето на едно минато и созревањето во сегашноста на нејзината најинтимна историја“, вели кураторката Дијана Томиќ-Радевска.