„БЕЛА НОЌ“ ПО 20. ПАТ ВО СКОПЈЕ – ВОДИЧ НИЗ ЛОКАЦИИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Настанот „Бела ноќ“ по 20. ќе се одржи денеска (5 октомври) на неколку локации низ Скопје.

Централната манифестација ќе започне со настап на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) со претставата на отворено со улично дефиле „Сонот на Ербер“. Настапот е во чест на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.

Настапот започнува со дефиле кое тргнува од пред Музејот на Град Скопје во 20 часот, а потоа продолжува по улица Македонија и оди преку Камениот мост до плоштадот Карпошово востание, каде што ќе се одржи финалето на претставата од 20:30 часот.

Ќе се одржи и концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на истата локација, а на Школка во Градски парк ќе има поп-рок концерт на „Култи Ватор“.

  • Во Клуб ресторан МКЦ ќе се одржи меѓународен фестивал на електронска музика со настап на неколку диџеи.
  • Под браната Матка во 20 часот ќе се одржи ЕХО фестивал на планински филм со ноќно кино на кое ќе се прикажуваат победничките филмови од минатите изданија.
  • Друштвото на ликовни уметници на Македонија во 20 часот ќе се претстават со „Осветлено илуминирано урбано наследство во Куќата на ДЛУМ.
  • Во „Лабораториум  во 20 часот ќе се одржи мултимедијален микс на културни и уметнички изразувања, а а во кафулето „Излет“ ќе се одржи изложба на постери, илустрации и стрипови на Славица Купенкова.
  • Во Музејот на современа уметност (МСУ) се отворени изложбите: самостојна изложба на победниците од 14. Меѓународно Биенале на млади уметници, изложба на Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација“, изложба на Наџа Крачуновиќ „Во име на мајка, во презиме на татко“  и изложбата на Дан и Лиа Пержовски
  • Во Даут пашин амам од 19 часот до полноќ е отворена изложбата „120 години од раѓањето на Томо Владимирски“
  • Во Чифте амам од 19 часот до полноќ е отворена изложбата „Сенки во облаците“ на Емил Шулајковски
  • Во Македонски народен театар (МНТ) ќе се изведе театарската претстава„ Кец на десетка“
  • Во Детски културен центар Карпош ДКЦ о 19 часот  ќе има натпревар „Инструменти на моите предци“ и ликовна изложба во 12 часот
  • Во Кинотека на Македонија во 20 часот проекција на филмот „Кофа со крв“.
  • Во Културно информативниот центар од 20 часот се отворени изложбите на Јана Луловска и  „Танцот на фотоните“, изложба на дела кои настанаа летово на работилниците за алтернативни фотографски процеси, во село Смилево, во организација на Зрно фестивалот.
  • Во Музејот на македонската борба од 18 до 22 часот ќе бидат отворени трите времени изложби – „Арсениј Јовков за Македонија со пушка, перо и објектив“; „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“; „И тие се херои“ – изложба за жените во македонската историја.

Фото: СМАРТ.СДК.МК